Претседателот на Република Српска Милорад Додик ќе се сретне во Москва со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
„Се очекува соговорниците да разговараат за актуелните прашања за зајакнување на партнерството со Република Српска, проблемите со постконфликтното решение во Босна и Херцеговина и ситуацијата на Западен Балкан“, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи.
Тие истакнуваат дека Русија остро ги осудува обидите на Западот да го отстрани претседателот на Српска од политичката сцена со користење на нечесни методи и дека Москва е посветена на враќање на ситуацијата во БиХ на правен демократски курс.
„Ова бара итно затворање на канцеларијата на високиот претставник, која стана главна причина за проблемите во Босна и Херцеговина, враќање на директниот дијалог меѓу партиите во Босна и Херцеговина и крај на мешањето на Западот во внатрешните работи на Босна и Херцеговина“, се вели, меѓу другото, во соопштението.



