Дождот и ветерот го расчистија загадениот воздух, но што се случува во Струмица?

Мерните станици на аерозагадувањето утринава по подолго време покажуваат добри резултати.
Според истите, воздухот утринава не е загаден ниту во Куманово, ни Тетово, ниту Скопје. Но, мерните станици ова утро во Струмица покажуваат големо загадување.


Границата е надмината само на мерната станица во Струмица, каде присуството на ПМ10 честички е 133 µg/m3, во Кочани е 16 µg/m3, а во Куманово е 14 µg/m3, додека кај Ректорат е 9 µg/m3.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.