Дожд и пад на температурите, а на планините снег

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, информираа од УХМР.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, а температурата ќе се искачи до 18-от степен.
Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено во среда. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.