Доза здрав појадок – Чиа пудинг со свежи смокви

Со него ќе ги добиете сите потребни здрави масти, а во комбинација со едно од омилените есенски овошја – смоквите, може да направите неверојатно вкусен и здрав појадок кој ќе го обожавате.
Потребни состојки:
¾ шолја млеко (може обично, соино, оризово или кокосово, по желба)
3 лажици чиа семе
1 лажичка ванила
2 лажици несолен путер
2 лаживи јаворов сируп
2 лажици тостирани ореви
2-4 големи свежи смокви


Како се прави?
Директно во стаклена тегла или подлабок сад, измешајте ги чиа семките, млекото, ванилата и прстофат сол. Покријте ја смесата која треба да остои минимум 2 часа во фрижидер или најдобро прекуноќ. Тоа ќе им овозможи на чиа семките да ги испуштат своите здрави состојки и да се трансформираат во желатинска смеса како пудинг.
Во мало тавче ставете го путерот и јаворовиот сируп на средна температура додека не зовријат (околу 3-5 минути или додека смесата не стане густа).
Со помош на електрична маталка изматете го путерот додека не стане пенест, околу 2 минути и додадете уште сосема малку сол.
Врз пудингот додадете ја втората смеса од изматен путер и сируп, свежи исечкани смокви и тостирани ореви.
Пријатно слатко уживање..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.