Доилката направила генијален потег: Ѝ пришол во ресторан и ѝ кажал да се покрие

Кога на една мајка ќе ѝ кажат да се покрие додека го дои своето бебе на јавно место, сè може да се случи – оваа жена го докажала токму тоа.
Американката Керол Локвуд споделила фотографија која го насмеа светот. Имено, една млада жена почнала да го дои своето дете во ресторан кога ѝ пришол маж и ѝ кажал да се покрие.
Таа возвратила со генијален потег – го покрила своето лице со марама и продолжила да го храни своето бебе.

“Никогаш не сум ја запознала, но мислам дека оваа жена е генијална. Доста ми е од тоа жените постојано да се срамат поради доењето”, напишала Керол на Фејсбук, која додала дека ваквата сцена не се случила во некоја од арапските земји.
Пголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи го поддржале потегот и велат дека жената немала зошто да се срами.
“Браво, мама! Само на ограничени луѓе може вакво нешто да им смета. Ова е најприродната работа на светот”, гласи еден од коментарите под фотографијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.