„Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена“

Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставија на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

„Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп , убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за нивна. Тие велат: „Ова е наша војна“. Всушност, тоа не е наша војна“, рече Сијарто во интервју за грузискиот телевизиски канал Рустави 2.

Според него, во Европа владее „воен фанатизам“ и Европејците не се заинтересирани за постигнување договор меѓу Русија и САД за решавање на ситуацијата во Украина.

„Брисел, Европската Унија и западноевропските земји отворено ги поткопуваат мировните напори и не е во нивен интерес Американците и Русите да постигнат сеопфатен договор што би вклучил мир во Украина“, рече Сијрото.
The post „Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: