Доколку се разведе, Северина половината од имотот треба да му го даде на сопругот Игор

Како што пишуваат српските таблоиди, Игор Којиќ се чувствувал очајно поради бракот со Северина, кој очигледно не функционира како порано.
Очигледно, тој се плаши дека таа ќе ги предаде документите за развод, па нашол начин да ја спречи – ќе побара половина од целиот имот што го стекнале во брак!
– Игор очајно сака да го спаси бракот, па затоа смета дека ќе успее во тоа доколку и се закани на Сева дека ќе земе половина од се што имаат стекнато – започнува изворот и додава:


– Тој ќе изјави дека работел за неа како менаџер, и дека поседува и станови, автомобил, како и голем дел од заштедата што Северина ја има. Тој навистина ги договорал нејзините настапи како менаџер и учествувал во изработката на нејзините неколку албуми, и во таквата состојба Севе од друга страна не знае што да прави.
Таа е многу очајна и тажна, поврзана е со Игор, но факт е дека кај нив не е се како што треба и дека не можат да најдат начин да го решат. Таа се надева дека со тек на време сè ќе се смири, а Игор не е трпелив и затоа сè му се случува во главата. Сепак, ова може само да ја комплицира ситуацијата – заклучува изворот за споменатиот таблоид.
Јавноста во последно време многу шпекулираше за развод на славната двојка, а тие ниту ги негираат ниту ги потврдуваат наводите на медиумите дека се разведуваат.
Останува да видиме како ситуацијата ќе се развива понатаму.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.