Полицијата експресно го расчисти убиството на 76-годишен маж од Охрид, а како осомничен е уапсен доктор, кој бил приведен во тетовското село Брвеница.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во утринските часови, кога во дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид бил пронајден безживотно тело на 76-годишниот охриѓанец. На местото на настанот веднаш излегле полициски екипи и јавен обвинител, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По преземени мерки и активности, полицијата во текот на истиот ден го идентификувала и лоцирала осомничениот. Во попладневните часови, околу 17:20 часот, во тетовското село Брвеница бил уапсен 53-годишен маж, кој се сомничи дека го извршил кривичното дело „убиство“.
Според дел од медиумите, станува збор за доктор кој работел на скопска клиника, а мотивите за злосторството засега не се соопштени во јавноста.Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а истрагата за случајот е во тек. По нејзиното целосно расчистување, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
The post Доктор уапсен за убиство на 76-годишен охриѓанец – приведен во тетовско село appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



