(Документи) Се местеле ли тендери за фирма блиска до Александар Николоски да земе 243 МИЛИОНИ ДЕНАРИ?

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за две години добила 243.158.205 (двесте четириесет и три милони сто педесет и осум илјади и двесте и пет) денари или скоро четири милиони евра од четири општини, сите раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Компанијата ТОПЛИНА – увоз-извоз ДООЕЛ с.Подмолје, Охрид се појавува на веб-страницата за јавни набавки точно седум пати, од кои шест се тендери добиени од општините Битола, Виница, Охрид и Прилеп.

Во продолжение сите тендери и условите за истите.

Последен е тендерот во Општина Виница, склучен на 12.04.2024 година во вредност од 44.904.454,73ден.

На договорот се потпишани осговорното лице во компанијата, Ќирче Митрески, за кој се шпекулира дека е близок соработник на Александар Николоски и градоначалникот на Виница, Миле Петков.

Има вкупно четири понуди, а во продолжение, условите за учество на тендерот.

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови :

За цело времетраење на договорот, да ја има на располагање целокупната опрема, односно механизација и тоа:

– Машина за сечење асфалт – најмалку 1 ;

– Асфалтна глодарка – најмалку 1 ;

– Цистерна за емулзија – најмалку 1 ;

– Камиони – кипери (со носивост не помала од 18 тони) – најмалку 3 ;

– Грејдер – најмалку 1 ;

– Финишер – најмалку 1 ;

– Вибро ваљак – најмалку 1 ;

– Гумен ваљак – најмалку 1 ;

– Машина со четка и корпа за собирање на гребан асфалт – најмалку 1 ;

-Компресор за дување прашина од изгребана површина – најмалку 1 ;

– Асфалтна база со интегрирана А еколошка дозвола, со капацитет не помал од 100 т/час и оддалеченост од центарот на градот не поголема од 150 километри ;

– Контролна лабораторија за тековно контролирање и испитување на квалитет за геотехнички работи, градежни материјали, асфалтни и бетонски мешавини ;

Следна е Општина Охрид, каде има два тендери.

Едниот склучен на ден 25.03.2024 година во вредност од 29.850.893,33ден. На тендерот се пријавени две компании, а во продолжение условите за учество.

Потребната техничка и професионалната способност за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе ја утврди преку следниве минимални услови и тоа:

Да располага со следната опрема и постојки:

– Најмалку 4 камиони кипери со минимум носивост од 25т,

– Најмалку 1 комбиниран скип ,

– Најмалку 2 камиони-миксер за бетон со носивост од најмалку 7м3,

– Најмалку 1 пумпа за растурање на бетон,

– Најмалку 1 булдужер со сила на мотор од минимум 170 kw,

– Најмалку 1 багер со силана мотор од најмалку 150 kw,

– Најмалку 1 пикамер.

Другиот договор меѓу Општина Охрид и „ТОПЛИНА“ е склучен на ден 27.05.2022 во вредност од 13.471.139,60ден.

Она што е спорно во оваа набавка е што најниската понуда била само 2.950.220 денари, но Општината Охрид ја прифатила највисоката понуда, иако услов за одлучување кој ќе го добие тендерот согласно тендерската документација е само цената.

Доколку критериум е само цената, Општина Охрид треба да објасни зошто е избрана највисоката, а не најниската понуда.

На двата договори е потпишан градоначалникот Кирил Пецаков.

Следна е Општината Битола која исто така има два тендери. Едниот склучен на ден 09.01.2024 година во вредност од 23.939.792 денари и другиот склучен на ден 28.07.2023 година во вредност од 11.087.999 денари.

На двата договори е потпишан градоначалникот Тони Коњановски.

Последна во низата е Општината Прилеп, која има еден, но вреден тендер склучен на ден 28.04.2023 година во вредност од 119.903.930 денари.

Условите за учество на тендерот се следни:

За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:

-За цело времетраење на договорот , да ја има на располагање целокупната опрема-механизација и тоа:

– Машина за сечење асфалт – најмалку 1

– Асфалтна глодарка – најмалку 1

– Цистерна за емулзија – најмалку 1

– Камиони – кипери (со носивост не помала од 18т) – најмалку 5

– Грејдер – најмалку 1

– Финишер – најмалку 1

– Вибро ваљак – најмалку 1

– Гумен ваљак – најмалку 1

– Машина со четка и корпа за собирање на гребан асфалт-најмалку 1

-Компресор за дување прашина од изгребана површина – најмалку 1

– Асфалтна база со интегрирана А еколошка дозвола, со капацитет не помал од 100 т/час и оддалеченост од центарот на градот не поголема од 60км

– Контролна лабораторија за тековно контролирање и испитување на квалитет за геотехнички работи, градежни материјали, асфалтни и бетонски мешавини

Повеќе од 243 милиони денари за две години, од четири општини, односно од пари на граѓаните за компанија блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Обвинителството, МВР и ДКСК имаат чист предмет, особено за спорниот тендер во Охрид во кој наместо најниската е избрана највисоката понуда.

Пишува: A. Митовски, А. Петровска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.