Долги чекања во подземниот паркинг на ГТЦ поради нефункционирање на автоматите за наплата

Попладнево во подземната гаража на ГТЦ настана вистински хаос. Граѓаните веќе два часа не можеа да излезат од паркингот, бидејќи паркоматите престанаа да функционираат, а немаше никого од персоналот задолжен за наплата. Според информации од Макфакс, на местата каде што претходно се вршеше рачно плаќање, сега беа поставени објави дека сите плаќања треба да се извршат на автомати. Сепак, присутните граѓани сведочеа дека само еден автомат работел, и тоа многу споро, што предизвикало долги редици чекање. Некои од присутните граѓани биле со мали деца, додека други изразиле грижа дека ќе закаснат за своите летови на аеродромот.
После одредено време, ситуацијата се променила кога рампите биле подигнати и возилата почнале да излегуваат без плаќање. Ова решение со сигурност ќе продолжи подолго време имајќи предвид дека паркингот бил целосно полн, а надвор од него функционирал семафор. Од ГТЦ до моментов сè уште не излегле со официјално соопштение за причината за настанатиот дефект на системот за наплата.

Пронајдете не на следниве мрежи: