ДОЛГОТ НА САД ДОСТИГНА 34,4 ТРИЛИОНИ ДОЛАРИ: По Јапонија, Грција и Италија, САД станаа една од најзадолжените земји

Долгот на Соединетите Американски Држави (САД) достигна неверојатна вредност од 34,4 билиони долари, а од јуни минатата година е регистрирано забрзано темпо на задолжување, соопшти Министерството за финансии.

Последниот долг од „2 трилиона“ (две илјади милијарди) е регистриран за само 200 дена – трилион за приближно 100 дена, според новообјавените податоци.

Колку е забрзано темпото на задолжување покажува и информацијата дека во периодот пред минатиот јуни на државата во просек и биле потребни дури 8 месеци за да го зголеми долгот за уште нови билиони долари.

Мајкл Хартнет, инвестициски стратег во Банката на Америка, втората по големина инвестициска банка во САД, верува дека темпото на задолжување ќе остане на ова ниво и дека натамошното зголемување на долгот од 34 на 35 трилиони долари исто така ќе се случи на краток рок за само 100 дена.

Познатиот инвестициски сервис Мудис неодамна го намали кредитниот рејтинг на американската сојузна администрација од стабилен на негативен, што значи дека постои одредена загриженост за ажурноста и можноста за редовна отплата на долгот.

„Мудис“, како што е нагласено, очекува дека фискалниот дефицит на САД во иднина ќе остане на високо ниво, како и дека големото и постојано зголемување на долгот ја доведува во прашање економската логика на натамошно задолжување.

Американскиот долг во декември лани изнесува 124,2 % од годишниот бруто национален производ и е зголемен за речиси 2 % во однос на третиот квартал од минатата година.

Третата по големина светска економија, Јапонија, има една од највисоките стапки на долг во однос на БДП, од 255%, Италија должи 135% од својот бруто национален приход, а Грција 168%.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.