Домашниот пијалак од ѓумбир или шот од ѓумбир е едноставен, здрав и многу корисен пијалак кој брзо ќе ви ја зголеми енергијата, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви ја подобри општата состојба.
Овој пијалок стана вистински хит меѓу љубителите на здравата исхрана, бидејќи во концентрирана форма носи многу придобивки за телото.
Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, помага во зајакнување на имунитетот , го намалува гадењето и ги ублажува дигестивните проблеми. Неговиот остар вкус го освежува телото и умот, што го прави совршен за почеток на денот или природна поддршка за време на сезоната на настинки и грип.
Потребно е:
100 г свеж ѓумбир
сок од два лимона
2 лажици мед (или по вкус)
200 мл вода
Подготовка:
Исчистете го и исечкајте го ѓумбирот на помали парчиња (не треба да го лупите ако е органски). Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Процедете низ ситно цедалка или газа за да ги отстраните сите влакна . Истурете го подготвениот пијалок во шише и чувајте го во фрижидер до една недела, пишува Okusno.je.
Кој не треба да зема ѓумбир?
И покрај сите овие добри својства, ѓумбирот сепак може да предизвика несакани ефекти, па затоа не треба да се консумира во прекумерни количини, објавува порталот „Мис Здрава“ .
Луѓе со улцерозен колитис – луѓето со воспалително заболување на цревата можат да имаат многу непријатни симптоми ако земаат големи количини ѓумбир.
Луѓе со нарушувања на крварењето – ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го зголемува крвниот притисок.
Бремени жени – треба да го избегнуваат бидејќи може да предизвика грчеви во матката. На бремените жени особено им се препорачува да не консумираат чај од ѓумбир во последните две недели од бременоста.
Пред операција – бидејќи може да предизвика пообилно крварење.
Луѓе кои земаат одредени видови лекови – ова особено се однесува на лекови за срце, антихистаминици , лекови за рак и лекови за слабеење. Доколку земате лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
The post Домашен пијалак од ѓумбир за зајакнување на имунитетот: Совршена поддршка за силен имунитет appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



