Домашен „фраер“ наспроти странски турист

Сте се запрашале ли зашто на еден турист од странство, му е многу полесно да ви пријде и да започне комуникација со вас, одколку на момчето со кое се „шмекате“ речиси половина година, а сеуште не собрал храброст да го направи првиот чекор?
Дали туристот има поголема самодоверба? Или можеби не пати од комплекс дека ќе биде одбиен?  
За еден турист кој е дојден на одредено време во друга земја, не е проблем да започне комуникација со повеќе девојки одеднаш, тој првенствено е дојден тука за забава, и нема да изгуби ништо доколку биде одбиен или пак погрешно сфатен.
Додека пак за овдешното момче, работите се малку поинакви.
Тој нема да биде толку директен, или можеби ќе му треба подолго време за да собере храброст и да и пријде на девојката која му се допаѓа, бидејќи ќе се обиде да дознае нешто повеќе за неа, каков тип на девојка е, дали би го одбила доколку би ја поканил на пијачка, и сл. Одкако ќе се осигура дека му е безбеден теренот и нема да биде посрамотен пред другарите доколку биде одбиен, тогаш конечно ќе се одлучи да го направи првиот чекор.
А, кога сме кај туристот, друг фактор кој што би можел да влијае на неговата неколебливост да и пријде на секоја девојка која ќе му се допадне е и фактот што потекнува од сосема друго општество и негува различен начин на живот, па тоа го прави и многу поупорен во остварувањето на неговите желби, во случајов желбата да се запознае со привлеча девојка од  друга земја.
Во најлош случај, тој ќе си замине за неколку дена и работата ќе се заборави без никакви последици или повредено его.
Значи момци, бидете похрабри, не дозволувајте некој туѓинец да ви ја „ќари“ девојката која ви се допаѓа веќе подолго време, а вие девојки, никогаш немојте да ја исклучите варијантата дека од авантура со странец може да се роди голема љубов која ќе прерасне во сериозна врска. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сте се запрашале ли зашто на еден турист од странство, му е многу полесно да ви пријде и да започне комуникација со ва

Пронајдете не на следниве мрежи: