Домашни мелени домати без готвење: Подгответе ги сега и ќе ви траат до две години

Мелените домати се суштински дел од зимска храна, а овој рецепт ви овозможува да ги подготвите без готвење, а воедно да ја зачувате свежината, вкусот и хранливите материи.

Доматниот сос е идеален е за супи, чорби и сосови во текот на зимата.

Состојки:

10 кг домати5 лажици сол1 кесичка винобран2 китки магдоноснеколку лути пиперки (по желба)

Подготовка:

Измијте ги доматите, исечкајте ги и сомелете ги грубо. Додадете сол, винобран и сечкан магдонос. Оставете ја смесата да отстои 2 часа, потоа истурете ја во стерилизирани тегли и цврсто затворете ги. Чувајте на ладно и темно место и може да трае до две години.

Винобранот служи како природен конзерванс, додека магдоносот и сите пиперки даваат дополнителна арома. Клучот за успех е добар избор на домати и чисти тегли.

Пронајдете не на следниве мрежи: