Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп го одбележаа Ноќта на вештерките со традиционален прием за деца пред Белата куќа.
Претседателскиот пар излезе на главниот влез од резиденцијата, каде што им делеше бомбони на децата во костуми. Меѓу посетителите имаше деца маскирани како ликови од цртани филмови и играни филмови, како и неколку малечки облечени точно како самиот претседател Трамп.
На снимката се гледа и како Трамп потпишува топка за голф и насловни страници на списанието „Тајм“, додека става бомбони врз неколку детски костуми. Заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер, исто така, се најде во ред за бомбони.
Над влезот во резиденцијата беше истакнат натписот „Ноќта на вештерките 2025“, а настанот се одржа во весела атмосфера и со насмевки од најмладите посетители.
Традиционалното делење слатки во Белата куќа е еден од омилените настани за децата во пресрет на Ноќта на вештерките, а семејството Трамп ја продолжи оваа традиција и годинава.
The post Доналд и Меланија Трамп им делеа бомбони на децата пред Белата куќа, некои деца беа облечени како него (фото) appeared first on Во Центар.



