Доналд Трамп и Меланија позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин

Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата со Џо Бајден во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.
Таа исто така патуваше со Трамп со хеликоптер на митинг во Минесота.
Засега е непознато дали карантинот ќе влијае на втората дебата на Трамп со Бајден, што треба да се одржи на 15 октомври.
– Ќе видиме што ќе се случи, изјави Трамп телефонски за „Фокс њуз“.
Блумберг јави дека Хикс при враќањето од Минесота покажала први симптоми на болеста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.