Донарума за Винисиус: „Нека се обиде да ги натера сите да го сакаат“

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, се придружи на низата фудбалери кои го критикуваат Бразилецот Винисиус Жуниор за прославата на синоќешниот гол пред навивачите на Манчестер Сити.

Особено го вознемири прославата на вториот гол во судиското продолжение, кога Винисиус застана пред домашните навивачи и покажа кон името на дресот. Потоа голманот на Сити му се приближи на теренот.

Кога беше прашан за инцидентот по натпреварот, Донарума изјави: „Тој е шампион и сите треба да го сакаат. Тоа му го кажав.“

„Одигра два одлични натпревари, но мислам дека некој како него треба да биде сакан од сите. Треба да се обиде да биде сакан од сите затоа што е шампион“, додаде тој.

Ве потсетуваме дека Реал го доби двомечот против Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 5:1.
The post Донарума за Винисиус: „Нека се обиде да ги натера сите да го сакаат“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: