Дека и во НБА не е се така сјајно, но и дека не се обрнува толку внимание на сите детали доказ е прес-конференцијата на Лука Дончиќ по синоќешниот пораз кај Денвер нагетс (109-118), која ја одржа во ходник во услови недостојни дури и за македонското првенство, а не за најсилната лига во светот.
Дончиќ беше седнат во училишна клупа, на столче на расклопување, кое делуваше како за деца во градинка во однос на неговата корпулентност. Но, ниту тоа не беше пречка тој да ги испочитува новинарите и да даде свое мислење за мечот, а пред се за дуелот со Никола Јокиќ.
„Со кошаркар како Јокиќ, Денвер е фаворит буквално на секој меч. Многу е тешко да се игра против него, па едноставно кога имаше играч каков што е Јокиќ, секогаш сте во улога на фаворит“, изјави Дончиќ.