Далас маверикс доживеа трет пораз по ред во НБА-лигата, иако словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно беше одличен на паркетот и постигна 34 поени, 10 скокови и осум асистенции.
Дончиќ е препознатлив како човек кој сака да прави шеги на теренот, но и надвор од него, меѓутоа во изминатиот период нешто се промени и тоа може да се забележи кај Словенецот, кој конечно реши да признае дека има проблеми.
„Многу сум нервозен. Мислам дека тоа на сите ви е јасно кога ќе ме видите на паркетот. Во последно време чувствувам дека не сум свој. Порано уживав во кошарката, но повеќе не е така. Имам посериозни проблеми, со нешто што е поважно од кошарката, но не сакам да зборувам за приватниот живот“, кажа Дончиќ.
Далас во моментов е на 11. позиција во Западната конференција и го чека тешка битка за пласман во плејофот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.