Дорис Пак “растргната“ по твитот за молчењето во Брисел за “Рекет“

Поранешната европратеничка Дорис Пак е затрупана од реакции од македонски твитерџии по чудењето на Германката, која сега е претседателка на Асоцијацијата на жени при Европска народна партија, за молчењето во Брисел во врска со аферата “Рекет“ во Македонија.
“Зошто не реагира ЕЕАС (Европска служба на надворешни работи)? Граѓани ми пишуваат + ми се јавуваат, тие се чувствуваат напуштено!!! Решението за името не може да се користи за затворање на очите пред криминалната реалност! Северномакедонскиот премиер се споменува во третото видео за ‘Рекет’“, твитна Пак, по што речиси сите (негативни) реакции пристигнаа од Македонија:
“Тоа е ваша креација, вие ги поддржувате, вие бевте слепи кога тие нелегално го сменија уставното име. Вашата креација има име, Зоран Заев и неговата мафија, СЈО и судскиот систем се врвот“;
“Зошто не (реагираат – н.з.)? Еве зошто: ‘Решението за името’. Тоа не е решение, туку целосна катастрофа и континуираниот геноцид врз македонската нација треба да продолжи и тоа е тоа што го поддржува ЕУ“;
“Решение за името? Се разбира дека не можеме да ги затвориме очите пред криминалната реалност што сите вие ‘пријателите’ ѝ ја направивте на Македонија. Името на нашата земја е Македонија, навикнете се на тоа. Никогаш Северна, само Македонија! Со такви пријатели не ни требаат непријатели!“;
“Дозволете да Ве корегирам – името на мојата земја е Македонија!!! А што се однесува до Зоран Заев, можете да го земете со вас и да го задржите таму засекогаш!“;
“Целта беше промена на името со користење вакви нелегални методи. ЕУ беше дел од тоа“;
“Во Вашата земја што се случува кога високи функциоинери се фатени во какви и да се сомнителни активности? Посебно ако се моќни и би можеле и веројатно ќе се мешаат во истрагата?“;
“Прво, нашето име е Македонија. Второ, разочарани сме од ЕУ, бидејќи таа ја направи оваа соросова кукла премиер, иако ги загуби изборите. Тој имаше целосна поддршка од Федерика Могерини и од Јоханес Хан во нелегалната промена на името со ‘балкански методи’. Голем срам за ЕУ“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.