Доха ги фарба улиците во сина боја- еве зошто

Управата за јавни работи на Катар, заедно со јапонска компанија почнала да реализира експериментален проект за фарбање улици во сина боја во центарот на Доха. Овој пилот проект е во рамки на борбата против екстремните горештини.
-Температурата на темниот асфалт е 20 степени Целзиусови повисока од вистинската темепература, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина, вели градскиот инженер на Доха, Саад Ел Досери, пренесува катарска „Раја“.


Според неговите зборови фарбањето на асфалтот ќе помогне температурата да се намали за 15 до 20 степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.
Во моментов патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на дрвја може да порасне и до 50 степени Целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.