Дошол да ги запознае родителите на девојката, а потоа сфатил дека веќе бил во таа куќа! Во истиот момент се разделиле за да избегне семејна катастрофа

Запознавање со родителите на девојката секогаш е стресно, а уште постресно е кога ќе сфатите дека ги знаете од порано и тоа доста интимно.
Приказната на анонимен корисник на Редит од Велика Британија, станала вирална кога раскажал дека на 21 година имал секс со мајката на својата девојка.
„Живеам во многу голем град, но во него има само три пристојни ноќни клубови, па затоа е речиси неизбежно неколкупати да наидете на истите луѓе. Пред неколку месеци бев на еден настап со колегите од работа. Забележав како една русокоса не престанува да гледа во мене, па ѝ пријдов. Малку поразговаравме, ѝ го земав телефонскиот број и се вратив кај пријателите. Потоа малку се допишувавме, но ништо не се случи“, ја почнал својата исповед мажот.


„Една недела подоцна, повторно наидов на неа и овој пат повеќе зборувавме, испивме неколку пијачки и на крајот ме повика кај неа. Дури тогаш забележав дека е многу повозрасна (имаше околу 40-на години), но изгледаше неверојатно, па помислив дека ова е совршена прилика за да научам нешто ново во кревет“, заклучува момчето.
„Воглавно, наскоро ја заборавив и неколку недели подоцна, на Тиндер запознав една 19-годишна девојка. Веднаш се разбравме и после неколку состаноци ме повика кај неа дома. Додека одевме низ улицата, сфатив дека сè ми е познато, а потоа како карпа да ми падна на главата кога покажа кон нејзината куќа. Додека се обидував да се смирам, ја прашав колку долго живее тука, надевајќи дека сум во некое чудо.“
„Цел живот сум тука. Живеам со родителите, помалата сестра и кучето“, му рекла таа весело.
„Знаев дека сите се дома во тој момент и дека морам да ѝ ја кажам вистината. И така ѝ признав дека спиев со нејзината мајка. Беше во шок. Не ми веруваше сè додека не ѝ кажев како се вика мајка ѝ“, се присетува момчето.
„Нормално, сфативме дека не можеме да продолжиме да се гледаме, а мене ми е тешко бидејќи баш ми се допаѓаше“, заклучува момчето.
Неговото признавање ги поделило корисниците на Редит, на повеќето имале само пофални зборови за него, бидејќи веднаш ја кажал вистината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.