Дошол на нивната свадба, па активирал бомба и се разнесол- свадба заврши пеколно за 1.200 гости

Бомбаш самоубиец активира експлозив на свадба во Кабул при што загинаа најмалку 63 лица и 182 се ранети, изјави портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу жртвите има деца и жени.

Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата.
Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.