Дојави за поставени бомби денеска испразнија дел од училиштата во Скопје и во Тетово. Министерството за внатрешни работи постапило веднаш при што е потврдено дека дојавите се лажни.
Денеска (23.02.2026) пристигнати се дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта во Тетово и Скопје. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во информацијата од МВР.


