Дојче Телеком во потрага по идеи

Дојче Телеком е во потрага, ширум целиот свет, по идеи во пет категории: Поврзан дом, Услуги за комуникација, Енергија, Виртуелна платформа, Cloud computing.

Сите заинтересирани поединци, студенти, тимови, компании, но и вработени во Дојче Телеком и неговите подружници, можат до 31 март да ги достават своите идеи онлајн на www.telekom-innovation-contest.com.
По интензивен преглед и лична презентација на идејата, победниците ќе бидат избрани од страна на меѓународно жири. Концептот потоа ќе се претвори во производ или прототип заедно со експертите од Групацијата Телеком.
Телеком обезбедува ресурси во вредност од 500.000 евра за развој на идејата. Ова вклучува хардвер и софтвер, пристап до обемната инфраструктура на Телеком, и пристап до продажните и маркетинг канали на Групацијата.
Ќе бидат вклучени и бизнис експерти, кои ќе помогнат во подготовката на конкретен бизнис план за производот. Предвидени се награди и за оние кои ќе се пласираат на второто и третото место.
Целосната информација може да се најде на:      https://www.telekom.mk/mk/news_record.asp?newsid=1466
 Макфакс
Дојче Телеком е во потрага, ширум целиот свет, по идеи во пет категории: Поврзан дом, Услуги з

Пронајдете не на следниве мрежи: