До кога ќе ги носиме заштитните маски – ова се трите можни сценарија, еве како стојат работите кои зависат од самите луѓе

Тие станаа составен дел од животот и нешто без кое не можеме да ја напуштиме куќата – но маските никому не му се драги.
Бидејќи одреден број граѓани се веќе вакцинирани, се прашуваме колку долго ќе треба да ги носиме?
Маските се добра заштита затоа што создаваат силна бариера против ширењето на вирусот преку капки, а токму овие капки се одговорни за пренесувањето на вирусот. Затоа тие станаа задолжителна заштита во сите затворени простории и на места каде што се собираат многу луѓе – што е тешко за многумина. Додека некои веруваат дека маските се дури и опасни, други честопати се случува едноставно да ги заборават кога ќе ја напуштат куќата.
Затоа, многу луѓе имаат прашање во главата: до кога ќе треба да носам маска?
Многу експерти ќе речат: Не за догледно времеБидејќи маската нуди одредена заштита од вдишување на вирусот од друго лице, а со тоа помага да се забави ширењето на ковид 19, лесно е да се заклучи дека ќе престанеме да ја носиме маската во моментот кога ќе бидеме сигурни дека не можеме да го пренесеме вирусот.
Па, во теорија, постојат неколку сценарија кога сите ќе можеме да живееме без маски – ова се три можни.
Можеби не ви е пријатно да ја носите маската, но тоа е важна стратегија да се запре ширењето на вирусот.
Секогаш носете маска на јавно место, пронајдете таква што ви одговара и секогаш имајте ја со вас. Се чини дека овој вирус нема да исчезне, а можеби ниту вашата маска.


Важно е да ги одржувате маските чисти и правилно да ги носите.
Специјалист за инфективни болести, д-р Мед. Дебра Гоф дава совети за перење на маската од платно. Ако планирате да ја измиете во машината за перење, прво измијте ги рацете добро, а потоа извадете ја маската од лицето и внимавајте да не ги допирате очите, носот или устата.
Ставете ја маската директно во машината и веднаш измијте ги рацете повторно.
Таа советува да користите прашок за перење што вообичаено го користите, но исто така можете да користите белило и да изберете највисока температура на водата, одредена за перење на такви материјали. Кога ќе се испере маската, започнете ја програмата за сушење на високи температури.
Медицинските маски се наменети само за една употреба, што би значело дека треба да се фрлат веднаш по употребата.
Ако не сте во можност да ја замените маската веднаш по употребата, а ви треба, Гоф ве советува добро да ја прегледате кога ќе ја ставите. Ако е валкана, истрошена или влажна од пот, мора да ја фрлите во ѓубре. Ако ви се чини чиста, препорачливо е да ја ставите во хартиена кеса пред да го користите по втор пат. Би било идеално, се разбира, да користите таква маска само еднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.