До четврток сончево и потопло, од петок пад на температурите

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 16 степени, Маврово 9, Охрид 12, Битола 18, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци 15, Дојран 18 степени Целзиусови.
И утре ќе имаме слично време, сончево со слаб јужен ветер и дневни температури од 9 во Маврово, 12 во Охрид, 16 во Скопје до 17 во Дојран.
До четврток времето ќе се задржи претежно сончево и потопло. Од петок се очекува наоблачување со локални врнежи, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.