Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска попладнево преку објава на Фејсбук соопшти дека до 1 јуни продолжуваат мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните.
Ова значи дека до 1 јуни се продолжуваат мерките за намалено ДДВ за горивата и намалената акциза за горивата што Владата го донесе за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток.
– Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси. Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните, стои во објавата на министерката.
Овие две мерки истекуваат во понеделник.
The post До 1 јуни ќе важат намаленото ДДВ и намалената акциза за горивата appeared first on Provereno.



