Грција воведува финансиски стимулации до 10.000 евра за семејствата што се преселуваат во пограничните области.
Грчката држава ќе обезбеди финансиска помош до 10.000 евра за семејствата кои ќе одлучат да се преселат во пограничните области, објавија денес грчките медиуми.
Посебна платформа за поднесување барања за преместување ќе започне со работа во октомври , објави порталот Capital.gr.
Платформата е дел од сеопфатна иницијатива за обезбедување стимулации за демографски развој и поддршка за пограничните области.
Во интервју за ТВ Антена, министерката за социјална кохезија и семејство, Домна Михаилиду, изјави дека програмата за демографски развој, започната во регионот Еврос, кој граничи со Бугарија и Турција, се проширува.
– Во октомври лансираме платформа и ќе обезбедиме до 10.000 евра за преселба на семејства во пограничните области – рече Михаилиду.
Иницијативата е наменета и за грчки граѓани кои моментално живеат во странство и сакаат да се вратат во својата татковина.
На пример, оние кои сакаат да се населат на островот Кастелоризо во Егејското Море, покрај брегот на Турција, ќе добиваат годишна финансиска помош од 5.000 евра.
За секое дете, семејствата ќе добијат дополнителни 1.000 евра.
Планирано е отворање на градинки и училишта, а ќе има и дополнителни стимулации за најбараните специјалисти, како што се лекарите.
The post До 10.000 евра за нов живот во Грција: Државата им плаќа на семејствата да се преселат, дополнителни пари се достапни и за децата – еве кога започнува аплицирањето appeared first on Во Центар.



