До 15 часот 939 деца примиле вакцина против МРП

До 15 часот вакцинирани се 939 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е Глаксо Смит Клајн од Белгија, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.


Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина и потсетуваат дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.
Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат, посочуваат од Министерството за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.