До 5-ти март се очекува одлука за исклучените од парно

До крајот на неделава МАНУ треба да ја заврши анализата која се однесува на исклучените домаќинства од системот за парно греење во Скопје. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика вели дека веднаш потоа ќе организираат состанок со претставниците на „Но пасаран“ и БЕГ. Студијата на МАНУ ќе биде појдовна основа за изработка на новите правила за снабдување со топлинска енергија.
Проценките на РКЕ се дека до 5 март ќе се знае дали и натаму граѓаните кои не користат парно ќе добиваат сметки за услуга која не ја користат. Повеќе од 12 илјади домаќинства се откажале од парното греење, но со години плаќаат паушал зависно од квадратурата на станот.
-Со сите заинтересирани се договоривме дека треба да изнајдеме правично решение со кое ќе им помогнеме на потрошувачите кои биле исклучени пред јули 2012 година, во услови кога со постоечките правила за снабдување со топлинска енергија кои важеле од 2007 до 2009 година тие не знаеле дека ќе треба да плаќаат еден ден, доколку се исклучат од системот за греење во Скопје. При носењето на новите правила овој факт ќе го имаме во предвид, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.