Драган Николиќ престана да го слави роденденот поради ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Ова го потресе актерот до срж

Легендарниот актер Драган Николиќ остави зад себе низа значајни улоги и ја обележа домашната кинематографија, но малку се знае за неговиот приватен живот. Сепак, познато е дека актерот доживеал трагедија поради која престанал да го слави својот роденден.

Имено, Драган Николиќ го загуби својот брат, што остави длабока трага во неговиот живот.

На својот роденден, 20 август, Драган го загуби својот постар брат Мирослав. Таа болна загуба засекогаш го промени познатиот актер, кој никогаш повеќе не го прослави својот роденден.

Драган Николиќ

Гага: „Мирослав беше мојот животен учител“

Загубата на неговиот брат го навела актерот во интроспекција, а тагата оставила голем белег врз неговата личност.

„Најчесто живеевме на улиците на Белград, немаше компјутери, немаше играчки, сами ги измислувавме игрите. Мојот постар брат Мирослав, сега починат, имаше големо влијание врз мене. Тој беше мој животен учител и пример за углед во многу работи. Исто така, гледав каде правел грешки, за да можам да го корегирам своето однесување“, рече Николиќ за својот брат Мирослав.

Гага Николиќ и Милена Дравиќ поминаа 40 години во брак

Освен неговата актерска кариера, животот на Драган Николиќ беше обележан и со неговата голема љубов кон Милена Дравиќ, со која живееше во стан во срцето на Белград . Нивната љубовна приказна беше пример за стабилен и среќен брак, кој траеше повеќе од 40 години.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ

„И таа успева да ми го промени светот со еден поглед и да ми го разубави денот со една насмевка. А потоа ме прашуваат зошто ја сакам“, рече Драган, откривајќи колку Милена го освоила со својата едноставност и топлина.
The post Драган Николиќ престана да го слави роденденот поради ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Ова го потресе актерот до срж appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: