петок, 13 ноември 2026
Најново

Драматична акција во Тајланд: Погледнете како четирите деца дојдоа до слобода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Властите во Тајланд соопштија дека за завршувањето на акцијата за спасување на преостанатите осум деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата на северот на Тајланд ќе бидат потребни уште четири дена.


Нуркачите успеале да извадат четири од 12-те деца на сигурно.
Гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, кој е надлежен за спасување, кажал дека наредната фаза од спасувањето ќе почне за 10 до 20 часа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Тој нагласил дека во акцијата за спасување учествувале 13 странски и пет тајландски нуркачи, а дека секое дете кое било спасено било следено од двајца нуркачи.


Некои од децата се префрлени со хеликоптер во блискиот град Чијанг Рај, каде со возила на брза помош биле префрлени во болница.


Децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25 годишен тренер во пештерата се од 23 јуни.