Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача во неделата дека заедничко решение со две држави е единствениот начин да се постигне мир меѓу Израел и Палестина.
Реџеп Таип Ердоган додаде дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за деескалација на конфликтот меѓу израелските и палестинските сили.

Говорејќи во Истанбул, турскиот претседател кажа дека израелско-палестинскиот конфликт е во срцето на повеќето конфликти и прашања на Блискиот Исток, додавајќи дека сега е неопходно да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.
- Дејвид Атенборо наполни 100 години! Тој сè уште снима документарци за дивиот свет „Тој е добар човек, а денес тоа е навистина ретко!“ (фото)
- Видео: Скопјанска си вози со автомобилот низ Градски парк
- Кој е новиот сопруг на Мелина Галиќ? Го претставуваат како милионер, но контото на компанијата го кажува спротивното
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Порно актерката откри: Вака изгледа снимањето филмови за возрасни – јавноста е во шок
Портпаролот на Хамас, да потсетиме, кажа дека не станува збор за прекин на огнот додека Израел ја ескалира војната. Хазем Касем од екстремистичкото палестинско движење во неделата изјави дека Израел започнува „агресија врз цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.
„Рано е да се зборува за посредување бидејќи бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата“, изјави Хазем Касем за странските медиуми.
Израелските сили, да потсетиме, во моментов го гранатираат Појасот Газа и палестинската територија, додека Хамас ги напаѓа јужните и централните делови на Израел.
Бројот на загинати се зголемува од час во час.
Израел вели дека најмалку 350 луѓе се убиени, а повеќе од 1.600 се ранети од почетокот на нападот во саботата. Палестинските власти, пак, наведуваат дека загинале 232 Палестинци, а 1.700 се ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



