четврток, 12 ноември 2026
Најново

Драма во Венеција поради Џорџ Клуни: На актерот му се слошило, па итно бил однесен во хотел!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Холивудскиот заводник и легенда на големото платно Џорџ Клуни (64) ги шокирал обожавателите и новинарите во Венеција кога ненадејно му се слошило на самиот почеток на престижниот филмски фестивал.

Актерот морал да ја откаже закажаната промотивна програма за новиот филм „Џеј Кели“, а набргу потоа морал да откаже и гламурозна вечера со колегите и раководителите на Нетфликс. Сè се случило во средата, првиот ден од фестивалот, кога многумина очекувале Клуни да биде најголемата ѕвезда на вечерта.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според „Холивуд репортер“, Клуни одеднаш се чувствувал лошо во текот на денот. Лекарите и колегите го советувале да се повлече и да се одмори бидејќи го очекува напорен ден во четврток – официјалната прес-конференција и светската премиера на филмот.

Иако изворите наведуваат дека состојбата не е алармантна, причината за неговата слабост сè уште е непозната. Фактот што Клуни ја откажал вечерата со најголемите ѕвезди е вознемирувачки.

Камерите го снимиле како го напушта хотелот „Екселсиор“ околу 16. часот и се качува на бродот што го користел за да оди во вилата на одмор. Притоа, тој пропуштил интимна вечера со режисерот Ноа Баумбах, Лора Дерн, Адам Сандлер и остатокот од екипата – вечера каде што требало да блесне како домаќин.

Иронично, само неколку часа претходно Клуни изгледал беспрекорно. Облечен во елегантен темно син костум и очила со сини рамки, тој не покажувал никакви знаци на некакви здравствени проблеми.

Да потсетиме дека само неколку дена претходно, Џорџ и неговата сопруга Амал ја угостија филмската екипа во луксузната вила на езерото Комо. Таму, во друштво на Лора Дерн, Грета Гервиг и Адам Сандлер, го прославиле доаѓањето на новиот филм со возење со моторен чамец и ручеци во ексклузивни ресторани.

А сега, целосен пресврт. Наместо гламур и шампањ, актерот го дочекал кревет и неизвесност во Венеција.

Што точно се случило со Џорџ Клуни сè уште е непознато. Неговите соработници ја уверуваат јавноста дека нема место за паника, но фактот дека тој ги пропуштил промоциите и вечерите во Венеција отвора многу прашања.

Едно е сигурно: сите очи ќе бидат вперени во него во четврток, кога треба да блесне на црвениот тепих на премиерата на филмот „Џеј Кели“.