Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера (10.11.2025 година), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица – Единица за внатрешни работи Радовиш, ги приведоа М.Б. (40) од село Габревци, Љ.М. (64) од село Липовиќ и Поштем, М.Д. (50) од село Габревци, В.Р. (52) од село Ракитец, М.М. (67) од село Ракитец, С.Р. (34) од село Ракитец, Г.Р. (69) од село Ракитец, В.И. (48) од село Ракитец, В.Н. (72) од село Долни Липовиќ, Г.К. (51) од село Дедино и Ј.Б. (47) од село Габревци, сите во општина Конче.
Приведените, заедно со Ј.П. (46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 година на територијата на село Габревци, ловеле диви животни без да поседуваат дневна дозвола за лов.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за време на ловот, во еден момент, М.Б. од своето ловно оружје, поради небрежност, пукал еднаш и го погодил Ј.П. во стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го ставиле повредениот во возило и се упатиле кон Итната медицинска помош во Радовиш.
По пат ја известиле Итната медицинска помош и на територија на село Дедино, се сретнале со возилото на медицинската помош, каде што лекарот констатирал смрт на Ј.П. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од ОЈО Радовиш и екипа од Единицата за внатрешни работи Радовиш.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Од сите инволвирани лица е конфискувано ловно оружје и муниција, додека при претресот на куќата на М.Б., извршен по судска наредба, се конфискувани и ловно оружје и муниција.
М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш, а во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.
Во меѓувреме, по целосното документирање на случајот против М.Б., Љ.М., МД, В.Р., ММ, С.Р., Г.Р., ВИ, В.Н., Г.К. и Ј.Б., ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „незаконит лов“ по член 228, додека кривична пријава ќе биде поднесена и против Ј.Б. за кривично дело „производство, држење, посредување и трговија со оружје или експлозивни материјали без одобрение“ по член 396 од Кривичниот законик.
The post Драма во Радовиш! Тргнале на лов и од небрежност го убиле својот пријател, поднесена е кривична пријава против осомничениот appeared first on Во Центар.



