Драма во Србија: Дарко Лазиќ пукаше со пиштол во телевизорот- во собата била и Марина

Марина Гагиќ го напуштила Дарко Лазиќ и заминала кај своите родители со синот Алексеј. Популарниот пар со месеци наназад има несогласувања, а за време на една караница, фолкерот во налет на бес земал дури и пиштол и пукал во телевизорот.
Како што вели извор близок на пејачот, тој и Марина од крајот на минатата година не функционираат, а караниците станувале се почести. На Марина и пречело дека Дарко крие некои работи од неа, излегува од дома кога ќе посака, не се јавува на телефон и што во неколку наврати не знаела каде се наоѓа во половина ноќ.
Караниците станувале се побурни со тек на време, а фолкерот неодамна направил хаос во семејниот дом во Брестач, каде заедно живееле. Тој во еден момент полудел, почнал да вика и да фрла работи по куќата, а потоа отишол до собата каде чувал пиштол, излетал со него во дневната соба каде била и Марина, почнал да мафта со пиштолот и пукал во телевизорот.
Свршеницата почнала да вришти и излегла од дома, но набрзо се смириле и таа му дала втора шанса.
Меѓутоа изгледа сепак Марина не можела да го издржи притисокот на јавноста и информациите кои кружат за пејачот, па исплашена за својата безбеднсот, го зела синот и заминала кај родителите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.