Британската нуклеарна подморница од класата „Вангард“ опремена со балистички ракети „Тридент 2“ речиси потона на дното на Атлантскиот океан откако откажа нејзиниот сензор за длабочина.
Во моментот на неуспехот на подморницата имало 140 членови на екипажот.
- Еден хороскопски знак наскоро би можел да има сериозен конфликт со шефот
- Од утре забрана за спортски риболов во Националниот парк „Маврово“, новата сезона почнува во февруари
- МВР откри интернет измама со стотици оштетени граѓани низ Македонија
- Дали правилно го мерите крвниот притисок? Неправилната положба на раката може да доведе до неточни мерења
- Додека граѓаните плаќаат 1.100 долари повеќе за бензин, американските нафтени компании заработуваат милијарди
Подморницата била на мисија во Атлантикот кога, според таблоидот Сан, инженерите успеале да спречат катастрофа во последен момент. Поради дефект на сензорот за длабочина, постоела опасност подморницата да нурне многу подлабоко од дозволеното, што секако би довело до имплозија. Мерачот за длабочина покажа дека таа е на многу помала длабочина од вистинската.
Инженерите пронајдоа работен сензор во задниот дел на пловилото, што покажуваше дека се приближуваат до опасната зона, а потоа го вклучија алармот.
– Не е до инженерите да ја контролираат длабочината на која се наоѓа подморницата, но тие први забележаа дека нешто не е во ред. Технички, подморницата сè уште беше во оперативна употреба, но целата екипа беше активирана и испратена до нивните работни станици. Подобро е да не размислуваме што ќе се случеше доколку продолжи да нурка – изјави за Сан анонимен извор запознаен со ситуацијата.
Максималната длабочина за подморница од оваа класа е околу 500 метри. Инцидентот доведе до автоматска истрага. Извори на британскиот таблоид наведуваат дека нуклеарниот арсенал не бил во опасност.
Засега не е познато која од четирите британски подморници од класата Вангард била вмешана во инцидентот.
Подморницата од класата Вингард тежи 15.900 тони и е долга речиси 150 метри.
Има капацитет да носи 192 нуклеарни проектили.
– Сите наши подморници продолжуваат да ги исполнуваат своите обврски и се вклучени во глобалните операции за заштита на националните интереси додека ги браниме нашите сојузници. Ние не коментираме за конкретни мисии и операции, а безбедноста на нашиот персонал е секогаш највисок приоритет – се вели во соопштението на Кралската морнарица.
Дејли мејл наведува дека британска нуклеарна подморница е во постојана патрола од 1969 година. Главната причина за тоа е што може да реагира од неочекувана локација во случај Велика Британија да биде цел на ненадеен нуклеарен напад.
Британската стратешка нуклеарна подморница ХМС Викториус, да потсетиме, наводно завршила тајна мисија во Атлантикот минатата година поради пожар што избувнал додека била под вода.
Пронајдете не на следниве мрежи:



