Драма на небото над Италија: Пилотот веднаш го свртел авионот на аеродром, но за жал веќе било предоцна

На летот на Рајанер во Италија денеска се одвивала драма, која завршила со смрт на еден патник, пренесува Билд.Имено, неколку минути по полетувањето од Торино, во авионот загинал 33-годишен патник.Според информациите од аеродромот, пилотот веднаш го вратил авионот назад, но за жал за несреќниот човек било доцна.Првично немаше информации за точната причина за смртта.Авионот бил на пат од Торино кон градот Ламесија Терме на југот на Италија.Како што пренесува „Кориере дела сера“, патникот, кој патувал со сопругата, се пожалил на мачнина по качувањето. Потоа изгубил свест.Според тој извештај, пилотот веднаш го свртел авионот и слетал на истиот аеродром по 36 минути.Екипажот за итна помош можеше само да потврди дека патникот починал.Сопругата на несреќниот маж е пренесена во болница.Според извештаите, двајцата се венчале минатата година.

Пронајдете не на следниве мрежи: