Драма на скопскиот аеродром: Авион слетал со починат патник

Ноќеска половина час по полноќ на граничниот премин “Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал авион кој сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот. Десетина минути пред 01:00 часот од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Починатиот е 74-годишниот К.К. од Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.