четврток, 26 ноември 2026
Најново

Драма: Јована и Жељко тргнаа на првиот одмор со близначките, но по пат им се случи ова

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како би се одмориле од многуте работни обврски, Јована и Жељко Јокимовиќ се упатиле во Грција на одмор, во едно луксузно одмаралиште. Ова е прв испланиран пат со близначките Ана и Сара. Тие решиле одморот да го поминат во Грција, во нивниот стан во луксузниот дел на Атина, но не можеле ниту да сонуваат што ќе им се случи.

-Тие патувале со авион и многу им било страв како тоа нивните наследнички ќе го поднесат. Се качиле на авион опремени со цуцли, играчки и се што е потребно за летот побрзо да помине, но децата скоро целиот пат спиеле. Само што помислиеле дека се поминало како што треба, кога ја минале контролата и чекале да си го земат багажот, стигнале лошите вести. На Јована и објасниле дека сите нивни куфери се изгубени, вклучувајќи ги и оние во кои биле работите на децата. Водителката се изнервирала, бидејќи сватила дека не може да продолжи додека ситуацијата не се реши. Биле во дилема што да направат и дали да продложат без багажот. Јована се договорила со Жељко тој да оди во станот со децата, а таа да ги почека куферите и да оди со такси. Таа останала со часови додека стигнал багажот, по што се придружила на сопругот и децата, изјавил извор близок на парот.

Поврзани вести