Никол Кидман се најде на насловната страница на списанието „Allure“, каде што зборуваше за својата професионална кариера како актерка, но и за фактот дека жали за некои работи…Никол Кидман позираше во црна облека за ова издание на познатото списание , а впечатлив моден детаљ беше црвената перика , која ја истакнуваше нејзината убавина.Покрај фотографиите за модниот едиторијал, актерката сними и интервју. Таа се осврна на својот физички изглед на почетокот на нејзината холивудска кариера и истакна дека жали што некогаш ги променила своите природни кадрици . View this post on Instagram A post shared by Allure Magazine (@allure)„Зошто си ја исправив косата“, рече таа со воздишка на фрустрација, потоа се насмеа и додаде:„Ја обожавав косата тогаш. Тоа е мојата природна коса“, изјави Кидман за новинар додека на екранот се појавуваа фотографии од филмот „Денови на грмотевици“ од 1990 година.Познатата актерка имаше и неколку совети за девојките .„Не е ли тоа лудо? Затоа, прифатете ги локните. Не ги следите моите стапки“, додаде Кидман.
Пронајдете не на следниве мрежи:



