Државата наликува на Лас Вегас, мора да се стави ред, порачува Мицкоски

Државата полека но сигурно наликува на Лас Вегас, вели премиерот Христијан Мицкоски. Со новиот закон за игри на среќа, вели, се става ред и дисциплина. Не се согласува со критиките дека со законот се остава простор за организирање на нелегални игри на среќа и дека вработени ќе останат без работните места.
– Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и како правило до нив имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност. Повеќе нема да има таков тип на реклами коишто привлекуваат внимание, изјави денеска Мицкоски.
Премиерот не се согласува ниту со обвинувањата од Асоцијацијата на игри на среќа дека законот се носи нетранспарентно.
Со новиот закон се предлага објектите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од оснновните и средните училишта, а
Во новото законско решение кое го предлага Владата, меѓу другото, се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, а во обложувачниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.
Според политичката партија Левица, законското решение на Владата е само половично и не се решава проблемот. Потпретседателот и пратеник Реџеп Исмаил обвинува дека се создава „привид“ за справување со коцкарската индустрија и дека законското решение претставува ПР-стратегија чија цел е да се намали јавниот притисок, без да се нарушат интересите на коцкарското лоби.
– Со ова решение Владата се обидува да нè убеди дека ги спасува малолетниците, додека истовремено остава целосна слобода коцката и понатаму да ги разорува семејствата под товарот на зависноста, сиромаштијата и долговите, вели Исмаил.
The post Државата наликува на Лас Вегас, мора да се стави ред, порачува Мицкоски appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: