четврток, 26 ноември 2026
Најново

Дрон забележан на аеродромот во Брисел, сообраќајот е во прекин

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Брисел вечерва беше прекинат од безбедносни причини откако беше забележан дрон, според локалните медиуми.

„Непосредно пред осум часот, беше пријавено беспилотно летало над областа на аеродромот“, изјави портпаролот на контролорот на летање на Скајс, Курт Вервилиген за дневниот весник Het Laatste Nieuws (HLN).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Управата на аеродромот засега не даде дополнителни информации за ситуацијата.

Во меѓувреме, граѓаните пријавија шест дронови во близина на воената воздухопловна база Клајне-Брогел, додека полицијата успеа да направи две визуелни потврди за дронот, пишува HLN.

Поврзани вести