Другарите го пронајдоа телото на исчезнатиот скопјанец во дол во Нерези

“Досие“.мк во потрага по информацијата дека скопјанецот кој ден претходно беше пријавен дека е исчезнат го обиколи теренот околку населбата Нерези. Локален жител кој сакаше да остане анонимен ни раскажа како дознал за смртта на момчето.
– Додека седев на клупите дојдоа момчиња и прашуваа за автомобил и го опишаа момчето. Тие прашуваа како да се качат на височинката над тунелите овде на почетокот од Нерези. Јас им кажав и заминаа. По десетина минути потресени се вратија. Кажаа дека ја нашле неговата кола заклучена и кога го пребарале теренот го виделе телото во долот. Повикаа полиција и брза помош. Но, само констатираа дека е починат. Никој не знае што се случило. Телото личеше како да е истркалано од височинката и застанато меѓу дрвата пред каналот. Полицијата направи увид и го однесоа, раскажа за “Досие“.мк жител на населбата.
И другите жители во близина беа вознемирени кога слушнаа дека се работи за момчето кое се бараше преку социјалните мрежи. Не знаеа како дошол, зошто дошол и дали бил сам. Само ја виделе полицијата и кога разбрале дека е мртов сите потресени заминале дома.
За причините за смртта ќе соопшти Обвинителство и полицијата по обдукцијата која ќе се врши по наредба на обвинител. Останува тие официјално да потврдат дали се работи за Горан Атанасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.