Властите на Дубаи го покажаа новиот полициски луксузен кросовер во Дубаи светскиот трговски центар, во присуство на неколку полициски претставници. Нема најава за што ќе се користи новиот ролс-ројс, но со него сигурно нема да се бркаат криминалци. Во полициското соопштение се истакнува дека новиот автомобил ќе го засили имиџот на полицијата на клучните туристички дестинации, вклучувајќи ја кулата Бурџ калифа и булеварот Шеик Мохамед бин Рашид.
Како и другите автомобили на полицијата на Дубаи, калинан е во бело зелена комбинација. Ова е вториот модел преправен од Мансори чии клучеви ги добиваат полицајците на богатиот град, а претходниот е мерцедес-бенц Г63, ревидиран од славниот германски тјунер.
Под хаубата се наоѓа 6,76-литарскиот V12 мотор со 610 коњски сили (фабричката верзија има 563). Со цена од 685.000 евра, нема сомнеж дека полицијата на Дубаи го сфаќа својот имиџ многу сериозно.
The post Дубаија ја најави новата полиција автомобил — ролс-ројс вреден скоро 700.000 евра (ФОТО) appeared first on 365.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи:


