Дубаи ќе воведе систем за препознавање лица во градскиот превоз

Властите во Дубаи одлучија да воведат систем за препознавање лица во јавниот превоз во Дубаи, со цел да го зголемат нивото на безбедност.
Во овој град веќе се користи биометриски систем за препознавање лица, но само на главниот аеродром.
„Технологијата се покажа како ефикасна во препознавањето на сомнителни и барани лица“, изјави Обаид ал Хатбор, директор на Одделението за безбедност во сообраќајот во Дубаи.
Градот се смета за водечки паметен град на Блискиот Исток, а сака да стане и центар на вештачката интелигенција, пишува Tech Xplore.
Во текот на тестирање, специјалци симулираа евакуација на патници, а за тестирањето е одбрана една од метро станиците каде претходно се случи терористички напад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.