Дубровник: Приморскиот град во срцето на Далмација

Опколен со високи дебели ѕидови, стариот приморски град во Далмација, Дубровник е еден од најубавите градови во светот. Додаден на листата на УНЕСКО за Светско културно наследство, градот е примамлива дестинација за сите познати личности од светот.

Се смета дека градот е основан во 7 век од новата ера. Од 1205 до 1358 година со Дубровник владее Венециската Република. Од 1358 до 1808 година Дубровник претставува посебна држава, која се нарекува Дубровничка Република.
Тоа е еден од оние приморски медитерански градови кои се формирани врз сфаќањата на старата хеленска култура. Се развива како полис- град во кој се јавува цивилна управа која се стреми да се формира во република по угледот на Венеција. На социјален план, постои поделбата на благородништво и народот . Со градот порано управувал  дужд (кнез), но постои извршна власт и претставници на народот како консултативна власт .

Денес во Дубровник гордо сведочат спомените од историјата. Целиот круг од тврдини и високите ѕидови околу градот биле изградени за негова заштита во 14-ти и 15-ти век. Панорамскиот поглед од овие тврдини на плавото Јадранско море вреди да се доживее. Страдун е плоштадот и главната улица во градот, која нуду многу забава, а сепак ја има задржано својата магија од минатото.
Прекрасни барови и ресторани, музика во живо, мирисот на Јаранското море и луксузните јахти, се рај за очи и душа. Како и другите приморски градови, Дубровник е седиште на моќна флота, која е носител на трговијата.Интересен е фактот  дека Куршумли-ан во Скопје е граден токму за потребите на дубровничката трговија.

Хафингтон Пост ја вброи Хрватска, посебно Дубровник меѓу петте најатрактивни локации кои треба да се посетат ако одите на меден месец.Дубровник дефинитивно е најпопуларен меѓу младенците од Велика Британија, Ирска и Америка, но на неговата убавина не остануваат рамнодушни ни Словенците, ниту државјаните на Босна и Херцеговина.
Како исклучително атрактивен простор за венчавање секогаш се спомнува Тврдината Ловријенац, која поради високиот наем од 10.000 куни (околу 1300 евра) за повеќето младенци сепак останува само сон.

Покрај другото големата популарност и ексклузивниот статус во светот,  меѓу богатите и славните, пазарот за недвижности во Дубровник на почетокот на новиот милениум доживеа огромен подем.
Неодоливо прекрасна температура на морето, шармантниот блесок кој ве поканува на морски танц, медитеранската вегетација, ароматичните билки, виновата лоза и маслинките го воодушевуваат секој посетител.

Дубровник претставува стара приказна раскажана на современ начин, древна мудрост, сочувана за сите генерации, а со неговата посета ќе сфатите зошто ова место и самиот Лорд Бајрон го нарекува „бисер на Јадранот“.Опколен со високи дебели ѕидови, стариот приморски град во Далмација, Дубровник е еден од најубавите градови во светот

Пронајдете не на следниве мрежи: