ДУИ бара истрага за присуство на полициски службеници во дискотека “Пулс”

Прес соопштение на ДУИ: Загубивме 60 млади души на 16 март. По 21 ден од несреќата, сè уште чувствуваме болка и жал, но нашата тага се зголемува поради скриената вистина и отсуството на одговорност. Каде е видео надзорот? Ни е познато дека серверите останале неповредени. Дали записите дефинитивно покажуваат дека имало прослави со членови на локалната полиција во деновите пред трагедијата? Дали тие биле тука и на денот на настанот? Кои ги чуваат тие снимки, кои ги скрија и зошто сè уште не се јавно достапни?
Прашаме ја Комората на компаниите за обезбедување: дали агенцијата „Рубикон“ има валидна лиценца? Колку од нивните вработени имаат соодветни сертификати за работа, според законските прописи? Целата локална полициска структура, од станицата до министерот, биле свесни дека објектот оперира без лиценца, користејќи пиротехника и наркотици. И сите затаиле.
Денес, три недели подоцна, сè уште нема преземено морална или правна одговорност. Ова молчење не е само срам за институциите; тоа е соучесничка парактика. Нема да дозволиме вистината да остане скриена или одговорноста да биде избегната.

Пронајдете не на следниве мрежи: