ДУИ денеска одржува партиски конгрес: Најавени се измени во раководството

Партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

Демократската унија за интеграција денеска во Скопје ќе го одржи својот петти конгрес. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференцијата по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите.

По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец, партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.

,,Конгресот претставува клучен процес за политичката визија, зајакнувањето на внатрепартиските демократски механизми и подготовката на структурите за новите предизвици”, се вели во соопштението на ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: